Ќофтиња од тиквичка и сирење
Состојки
- 1 средна(300гр) тиквичка
- 120 гр рикота или урда
- 50 гр рендан кашкавал
- 1 јајце
- 4-5 лажици презла
- по потреба сол и бибер
- по потреба брашно и масло за пржење
Подготовка
Тиквичката изрендајте ја додадете сол и оставете ја околу 30 минути да ја пушти водата. Потоа убаво исцедете ја и ставете ја во сад. Додадете го сирењето, кашкавалот, јајцето, малку бибер, презлата и измешајте. Треба да се добие густа смеса за да може да се обликуваат ќофтињата, затоа ако е потребно додајте уште презла, но да не биде премногу цвста.
Со влажни раце направете ги ќофтињата и извалкајте ги во брашно. Пржете ги во поголема количина масло на среден оган додека да добијат убава боја и извадете ги на салфетка да го впие вишокот на масло.
Послужете ги топли со салата, варени јајца, јогурт и сл.