Меленото месо се замесува со ренданиот кромид, јајцето, сецканото лукче и зачините. Убаво се меси и се остава 1 час да впијат зачините. Од смесата се формираат ќофтиња и се пржат на врел зејтин.

Сос
Маргаринот се загрева и во него се пржи брашното. Одкако ќе зарумени се додава врелото млеко и се вари сосот со постојано мешање. Се додава сирењето изрендано и се меша на огин додека се растопи. На крај се додава ситно сецкан лист од целер и се зачинува со сол и бибер по вкус.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Без адаптирани дела