Чили кон карне
Кромидот и чилито ситно исечкајте ги. Во едно тенџере ставете малку зејтин, испржете го најпрво кромидот. Кога ќе почне да зацрвенува ставете го месото, чилито и потиснатиот лук. Пржете со повремено мешање за убаво да го иситните месото и додека да добие убава кафена боја.
Додадете ја доматната паста, кратко пропржете, налејте ја супата и пасираните домати (јас користев домашно доматно пире приготвено по рецептот на Даниела Џогова). Ставете го ловоровиот лист, посолете, добро побиберете и додадете ги останатите зачини. Намалете ја температурата, поклопете со капак и оставете 15 минути така да се крчка. Повремено промешувајте.
На крај, додадете ги претходно исцедени пченката и гравот па варете уште 5 минути.
Послужете топло со чабата.
Убаво е подгреано на ниска температура и наредниот ден, а може и да се замрзне ако направите поголема количина.
Лиценца: Сите права се задржани
Nevence poveli! Ova go izedovme, ama ke napravam drugo ;))
Албетина, твоето Чили кон карне изгледа прекрасно, просто те мами да го изгризеш мониторот :)
Nema nisto komplicirano vo podgotovkata na cilito, a za vkusot sigurno veke znaes kakov e....naredniot den e uste povkusno i pogusto. Pri krajot na gotvenjeto moze i polovina do edno lazice kakao vo prav (nezasladeno) da se dodade...cilito dobiva ubava boja i malku pospecificen vkus :)
Исто така би прашала дали може со обичен грав (претпоставувам дека може, но ете за сигурно)? Црвениот грав некако ич не ни се допаѓа дома.