6
окт
2015
Чили кон карне
Месото се става во тенџере на оган да се вари додека не се оддели од коската.
Откако месото ќе се свари се започнува со подготовка на останатиот дел од рецептот. Во сад на оган се става исечканиот на ситно кромид и се запржува потоа се додаваат исечените пиперки, чили пиперчето и морковите. Сето се запржува уште малку и му се додаваат зачините и доматите, потоа се додава и месото искинато на мали парченца и 300-400 мл вода.
Се остава на оган за половина час и се пормешува одвреме на време.
Потоа се додаваат гравот и пченката, а ако има потреба се додава уште вода се вари уште 20-30 минути и е готово.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови