Кромидот и чилито ситно исечкајте ги. Во едно тенџере ставете малку зејтин,  испржете го најпрво кромидот. Кога ќе почне да зацрвенува ставете го месото, чилито и потиснатиот лук. Пржете со повремено мешање за убаво да го иситните месото и додека да добие убава кафена боја.
Додадете ја доматната паста, кратко пропржете, налејте ја супата и пасираните домати (јас користев домашно доматно пире приготвено по рецептот на Даниела Џогова). Ставете го ловоровиот лист, посолете, добро побиберете и додадете ги останатите зачини. Намалете ја температурата, поклопете со капак и оставете 15 минути така да се крчка. Повремено промешувајте.
На крај, додадете ги претходно исцедени пченката и гравот па варете уште 5 минути.
Послужете топло со чабата.
Убаво е подгреано на ниска температура и наредниот ден, а може и да се замрзне ако направите поголема количина.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани