Сварете ја тестенината во обилно количество посолена вода, исплакнете ја со ладна вода, исцедете ја и оставете ја на страна.
Во средно големо тавче истопете една лажица путер, па додајте ја сланината исечена на ситни коцки и запржете ја малку да порумени. Додајте ги ситно исецканите кромид и лук и пропржете додека да се застакли. Додајте го крупно исечениот исчистен спанаќ, промешајте да завени, додајте 1/3 шоља вода и варете на средно тивок оган десетина минути. Посолете и побиберете, додајте и малку рендано морско оревче ако сакате.
Лажичката густин измешајте ја со павлаката да нема грутчина, додајте ја во спанаќот, измешајте и оставете да проврие и да се згусти. Додајте малку Ворчестер сос, дотерајте го вкусот и ако е прегусто разредете го сосот со малку вода.
Загрејте ја рерната на 200Ц.

Правоаголен керамички сад за печење лесно намастете го. Распоредете ги по дното тестенините, одозгора прелијте го сосот, па распоредете ги плочките мек кашкавал.
Запечете кратко, десетина минути да се зарумени.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани