4
мар
2014
Таљатели со Алфредо сос
Во тенџере со зовриена и посолена вода ставете ги таљателите да се варат колку што пишува на паковањето.
Во тава на тивок оган стопете го путерот, додајте ја павлаката, пармезанот, магдоносот, малку рендано морско оревче и измешајте. При тоа внимавајте да не зовријат.
Исцедете ги таљателите од водата и без плакнење со ладна вода додајте ги во сосот. Измешајте ги, додајте сол и бибер по вкус и одма уште топли послужете ги.
Лиценца: Сите права се задржани