Ова е уште едно италијанско класично јадење, кое исто така може да се подготви на различни начини. Денес јас го правам на мој начин и се надевам дека ќе уживате затоа што испадна навистина вкусно.

Преземи го рецептот во PDF

Состојки

  • 100 грама Таљатели
  • 50 грама Шкампи
  • 100грама Доматен сос
  • Половина Праз
  • Половина Црвена пиперка
  • Магдонос
  • Сол
  • Маслиново масло

Подготовка

Чекор 1: Како и секогаш, ставете малку маслиново масло и сол по вкус во водата додека се загрева. Загрејте ја и тавата за пржење, во неа ставете неколку капки масло и спремни сте да ги готвите шкампите.

Чекор 2: Во меѓувреме ставете ги таљателите во загреаната вода. На шкампите им требаат само пет до седум минути пржење, доволно да станат крцкави однадвор и тие се готови.

Чекор 3: Можете да го исечкате празот и останатиот зеленчук и потоа пржете ги одвоено во тава за пржење на среден оган. Исечкајте ја и црвената пиперка и измешајте ги состојките заедно.

Чекор 4: Потоа ставете го доматниот сос и измешајте го со зеленчукот.
На крајот можете да ги ставите и готовите шкампи во сосот. Се што треба да направите сега е да го измешате сосот со таљателите и готови сте. Јадењето можете да го сервирате веднаш.

Чекор 5: Чистењето е исто така дел од готвењето, но чистењето на оваа тава е забавно и лесно. Земете салфетка и избришете ја, или пак исплакнете ја со топла вода.

СОВЕТ: Ако сакате морска храна овој рецепт е за Вас. Содржи исклучително свежи состојки и е совршено летно јадење. Следниот пат кога ќе купите шкампи, потсетете се на овој рецепт и подгответе го. Сигурен сум дека ќе го обожувате.

Користени Делимано садови за подготовка на овој рецепт: Касерола ; Тава за пржење