Фичо ќе ни покаже како го подготвува неговиот омилен сос, во комбинација со пилешко, брокула и таљатели.

Подготовка

Чекор 1: Брокулата поделете ја на помали парчиња. Пилешкиот стек оставете го се издинста/запржи. Исецкајте го и лукот и младото кромидче. Во Вок тавата ставете една лажица путер и малку масло, потоа додадете ги лукот и кромидчето.

Чекор 2: Во лонецот ставете ги таљателите да се варат, но не до крај, за да може да го впијат сосот.

Чекор 3: Пилешкото исечкајте го на коцки. Во садот со лукот и кромидчето додадете ги парчињата брокула, потоа пилешкото, павлаката за готвење, сол и бибер. На крај додадете ти таљателите. Оставете да продинстаат за да се спојат вкусовите.

Чекор 4: Тргнете ги од рингла ,сервирајте во чинија и нарендајте пармезан.

СОВЕТ: Алфредо сосот е основа со која можете да ги комбинирате вашите омилени тестенини и додатоци по желба. Пробајте го и со 4 вида сирење!