Со маталка рачна ги матите двете јајца. Потоа го додавате брашното, палентата, солта,маслото, пецивото и се добро се мати со рачната маталка. На крај додадете ги ренданите тиквички, но претходно добро исцедете ги од водата што ја пуштиле. Се добро промешајте.
На намрснете и побрашнето плехче истурете ја смесата и добро распоредете ја. Релната треба да биде загреана на 180 С и печете додека не поцрвени. Со оваа смеса може да додадете и други состојки по желба.
Сервирајте со јогурт или кисело млеко.
(чашката е од 200 мл од павлака)

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови