Вкусни за оние кои го сакаат вкусот на кикирики. Одличен додаток на предјадење, а може и за мезе со пивце, винце...

1. Се мати пенасто маргаринот. Јас го избегнувам па решив да си ја пробам рецептава со палмово масло кое во овој период поради ладното време е кристализиран. Успешно се измати, а и вкусот беше посебно убав.
2. Во маргаринот ги додаваме кикириките (мелени на машинка за мелење ореви), киселата вода, сол по вкус и се замесува тесто со брашното во кое претходно сме го измешале прашокот за пециво.
3. Правиме топчиња во големина на орев и ги валкаме во сусам. Може и помали, јас ги правев сега помали, а кога стасаа, кога се испекоа, беа во големина на орев.
4. Ги редиме во плех, на хартија за печење и ги печеме на 200 степени додека да поруменат ( околу 20-25 минути).

Мене ми излегоа околу 65 топчиња.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани