1
мај
2019
Триаголници со кикирики и кикирики путер (сникерс триаголници)
Во една касерола ги ставаме маслото, еурокремот, чоколадото, шеќерот и кикирики путерот. Ги растопуваме и ги соединуваме на многу тивок оган. Во изедначената смеса ги додаваме печените кикиритки и постепено ги додаваме бисквитите.
Смесата ја изедначуваме со помош на лажица или со дланки.
Калапот го обложуваме со фолија и ја нанесуваме смесата. Осаваме во ладилник да се стегне.
Прелеваме со глазура и сечеме парчиња.
Кој сака може да намали од количинита на бисквити и да додаде кикирики.