Во касерола на оган ги ставаме млекото и шеќрот на многу тивок оган.
Од кога ќе се растопи шеќрот додаваме путер од кикирики и чоколадо.
Соединуваме на многу тивок оган околу 1 минута.
Трагаме од оган и додаваме мелени бисквити и кикирики кои пола се крупно мелени, а пола се ситно мелени.
Соединуваме убаво.
Смесата ја расплескуваме на даска за колачи и убаво израмнуваме.
Оставаме во фрижидер 1 час убаво да се стегне.
Потоа во сад над пареа го растопуваме црното чоколадо.
Во друг мал сад го растопуваме кикирики путерот.
Ја нанесуваме прво чоколадната глазура.
Потоа правиме шари со кикирики путер.
Оставаме да се стегни глазурата, па сечеме на триаголници.
Сервираме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани