Испечати

Сникерс триаголници (без печење)

Сникерс триаголници (без печење)

Состојки

  • 100МЛ млеко
  • 180гр шеќер
  • 150гр путер од кикиритки
  • 200гр тостирани кикирики без лушпа
  • 200гр мелени бисквити
  • 100-120гр црно чоколадо
  • глазура
  • 1лажица путер од кикиритки
  • 70гр црно чоколадо
  • 1лажица масло

Подготовка

Во касерола на оган ги ставаме млекото и шеќрот на многу тивок оган.
Од кога ќе се растопи шеќрот додаваме путер од кикирики и чоколадо.
Соединуваме на многу тивок оган околу 1 минута.
Трагаме од оган и додаваме мелени бисквити и кикирики кои пола се крупно мелени, а пола се ситно мелени.
Соединуваме убаво.
Смесата ја расплескуваме на даска за колачи и убаво израмнуваме.
Оставаме во фрижидер 1 час убаво да се стегне.
Потоа во сад над пареа го растопуваме црното чоколадо.
Во друг мал сад го растопуваме кикирики путерот.
Ја нанесуваме прво чоколадната глазура.
Потоа правиме шари со кикирики путер.
Оставаме да се стегни глазурата, па сечеме на триаголници.
Сервираме.