1. Водата и шеќерот се ставаат на огин да зовријат и се остава шербетот да врие околу 4-5 мин, се па во него се додава маргаринот да се растопи
2. Се додаваат мелените бисквити и кикиритки и се убаво се меша да се соедини (бисквитите не ги истурам наеднаш за да не дојде пресува смесата, тоа е во зависност колку вриел шербетот, па помалку или повеќе)
3. Смесата се дели на 2 дела и во едниот се додава какао
4. Се израмнува на плех и се остав да излади и стврдне

Прелив
Со растопено црно чоколадо се полева целата бајадера, па со бели се декорира со линии и сл.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани