Испечати

Триаголници со кикирики и кикирики путер (сникерс триаголници)

Триаголници со кикирики и кикирики путер (сникерс триаголници)

Состојки

  • 100гр чоколадо за готвење
  • 3-4 лажици крем
  • 1 лажица масло
  • 1 лажица шеќер
  • 200-220гр мелени бисквити
  • 120гр кикирики, малку тостирани за арома
  • Глазура
  • 150гр чоколадо за готвење
  • 2 лажици масло

Подготовка

Во една касерола ги ставаме маслото, еурокремот, чоколадото, шеќерот и кикирики путерот. Ги растопуваме и ги соединуваме на многу тивок оган. Во изедначената смеса ги додаваме печените кикиритки и постепено ги додаваме бисквитите.

Смесата ја изедначуваме со помош на лажица или со дланки. 
Калапот го обложуваме со фолија и ја нанесуваме смесата. Осаваме во ладилник да се стегне.

Прелеваме со глазура и сечеме парчиња.

Кој сака може да намали од количинита на бисквити и да додаде кикирики.