Во една касерола ги ставаме маслото, еурокремот, чоколадото, шеќерот и кикирики путерот.
Ги растопуваме и ги соединуваме на многу тивок оган.
Во изедначената смеса ги додаваме печените кикиритки и постепено ги додаваме бисквитите.
Не сите оддеднаш, бидејќи зависи колку ќе ни требаат. Тука јас стаавив 3-4 кршени бисквити, а другите ги мелев, поради изгледот при пресекот.
Убаво ја соединуваме смесата и ја нанесуваме во триаголен калап кој е обложен со прозирна фолија.
Убаво израмнуваме и го оставаме на ладно 1 час.
Потоа ја одстрануваме фолијата и триаголникот го прелчеваме со растопеното чоколадо и наросуваме чоколадни мрвици.
Сечеме парчиња и послужуваме.

Забелешка- може количината на мелени бисквити да се замени со мелени кикиритки, тоа е по вкус.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани