
24
јул
2013
Солени бомбици со јунешко и тиквички
Летно јадење кое брзо се прави и брзо се јади исто така. Меленото се зачинува вообичаено, се остава да отстои со сите зачини малку време, се сечка кромидот и лукчето,се додаваат.
Тиквичката се ренда и се исцедува низ раце па се додава и таа, на крај сенфот и на мали коцки фетата.
Се образуваат бомбици кои се валкаат во матено јајце, па во палента, се пржат на масло во сад со нелеплива површина, за прилог печени тиквички.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Vkusno izgleda:-)