
4
дек
2014
Лонец со јунешко
Ова јадење го подготвувам многу често, затоа што многу брзо се прави, а резултатот е одличен. Единствено што ви треба е експресен лонец и во него ги ставате свежите состојки, без запржување, го затворате лонецот и толку...
Најпрво ставете малку масленце на дното од лонецот, компирите исечете ги на поголеми кружни парчиња и наредете еден ред.
Над компирите ставете неколку шницли месо, над нив исечете кромид, ставете морков на лентички, печурки, магдонос и пак повторете ја постапката се додека имате материјал.
Одозгора завршете со компири, зачинете, турете го пивото и водата, ставете малку масло и затворете го лонецот.
Треба да вари отприлика 30 до 35 мин.
Лиценца: Сите права се задржани