Експресниот лонец многу често го користам во кујната. Храната во него многу лесно се приготвува, брзо, така што тој е голем помагач во кујната на секоја вработена жена.
Ставете го лонецот на шпоретот и во него сипете малку масло. Ставете го исечканиот кромид, пиперката и морковот исечкан на тркалца. Пропржете ги. Потоа додајте го месото па и тоа издинстајте го. Следува доматниот сос, компирите па нека повари сето 5-6 минути, па додајте ја боранијата, промешајте, зачинете и турете 1 и 1/2 л вода. Затворете го лонецот. Tемпературата не треба да е многу силна и откако ќе почни да шишти, нека вари дваесетина минути. Потоа тргнете го на страна и оставете го, не го отворајте се додека престане да излегува жешкиот воздух од него.
Ручекот е готов.
Совет!
Компирите ги ставам за да ја згуснат манџата, за да не ставам запршка. Меѓутоа, може да се направи и без нив, а на крајот да му се стави вообичаената запршка од брашно и црвена пипер. Тоа вам ви останува да си одлучите.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови