Манџа со грашок и мелено месо во експрес лонец
Експресниот лонец кај мене во кујната многу често се употребува. Скоро сите манџи ги подготвувам во него. Брзо е, едноставно, а манџите имаат посебно убав вкус.
Можеби количината на грашок ќе ви биде голема, затоа што ние многу го јадиме користам две пакетчиња за еден ручек, но вие сепак прилагодете си за вашата кујна.
Ставете го лонецот со неколку лажици масло на оган, па додајте го ситно исечканиот кромид заедно со лукчето и пропржете ги. Додајте ја лутата пиперка исто ситно исечкана (ако не јадете луто ставете блага) и морковот исечкан на крукчиња. Пржете некоја минута па додајте го месото. Кога ќе ја промени бојата, додајте ја доматната паста. Убаво измешајте.
Додајте ја црвената пипер и грашокот. Зачинете по вкус. Нека подинста некоја минута и турете ја водата. Затворете го лонецот и откако ќе почне да вари, варете 20 минути. Исклучете го и оставете го да се олади. На здравје!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови