Ова е комбинација која ја научив од свекрва ми, мелено месо со грашок. Не знам точно дали идентично го подготвува, ама ова е мојот начин. Кога подготвувам манџи сакам да користам повеќе зачини, до сега мислам и дека го приметивте тоа. Сакам убаво зачинета и вкусна храна.

Подготовка
Кромидот го сечкаме на ситно и го пржиме во масло кратко. Го додаваме и морковот сечкан на кругови или по желба, па пржиме до омекнување на двете состојки. Го додаваме меленето месо и упржуваме. Кон крајот ги додаваме зачините по желба и вкус.