Грашок манџа
Подготовка:
1. Започнуваме со сецкање на кромидот, морковот и пиперките, кои се ставаат во тенџере со загреано масло и се динстаат. Потоа се додава месото, кое предходно сме го исекле на парчина (големина по желба) и се заедно се динста. Во меѓувреме се додава и една лажица пипер, сол и мешан зачин.
Сето тоа заедно се динста и се пази да не загори. Штом месото ја смени бојата и почне да омекнува, се додава вода да се прекрие месото. Се остава на тивко да вари околу 40 минути, но се пази да не загори се додава постепено вода.
2. После 40 до 50 минути варење се додаваат компири, грашок и ситно исечканите домати. Се додава вода да се покрие целата содржина, па се вари уште 30 минути. За да бидете сигурни, се пробува компирот дали е убаво сварен. На крај се додава запршка.
Лиценца: Сите права се задржани