Ова е комбинација која ја научив од свекрва ми, мелено месо со грашок. Не знам точно дали идентично го подготвува, иако на вкус е скоро како нејзиниот рецепт, ама ова е мојот начин.
Кога подготвувам манџи сакам да користам повеќе зачини, до сега мислам и дека го забележавте тоа. Сакам убаво зачинета и вкусна храна. И на вам нека ви е на здравје!
Подготовка
1. Кромидот го сечкаме на ситно и го пржиме во масло кратко. Го додаваме и морковот сечкан на кругови или по желба, па пржиме до омекнување на двете состојки. Го додаваме меленето месо и упржуваме. Кон крајот ги додаваме зачините по желба и вкус.
2. Во тенџерето со меленото месо го доставаме грашокот и околу 1,5 л вода. Го оставаме да поврие, да се соединат вкусовите, па ја правиме запршката.
3. Брашното го загреваме суво го оставаме да пушти мирис. Доставаме масло откако ќе се запржи брашното, па ставаме сечкано лукче, да пушти мирис и кратко да се запржи. Ставаме црвен пипер, промешуваме и запршката ја ставаме во грашокот. Промешуваме и додаваме зачини.
Оставаме кратко да проврие и ручекот ни е подготвен.

Забелешка
Вода ставате по желба колкава сакате да ви биде густината на манџата.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани