Во експрес лонецот ставете го месото и комлетот за супа, зачинете по вкус и варете го на тивок оган околу 1 час.
Кога ќе биде готово месото исчистетр го и искинете го на парченца. Остатокот од варивото-течноста искористете ја за супа. Јас секогаш така ја користам, додавам само фиде и малку од месото ситно насецкано.
Во тенџерче ставете го маслото и додајте го ситно насечканиот кромид, малку пропржете па додајте ги пиперката, доматот ситно насецкани, морковот насечен на танки кругови и пржете додека кромидот не омекне. Потоа додајте ги макарончињата, пропржете уште малку, додајте го месото, зачинете по желба, додадете вода и оставете да се вари се додека не омекнат макароните.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови