Испечати

Јунешко со макарони

Јунешко со макарони

Состојки

  • 300-400гр јунешко/јас користам со коска/
  • 1 комплет врзоп за супа /магдонос,морков,пашканат,целер/
  • 1/2 кесичка ситни макарони
  • 1 мала главица кромид
  • 1 пиперка
  • 1 домат средна големина
  • 2-3 поголеми моркови
  • по вкус зачини /сол,бибер,мешан зачин, црвена пипер/
  • околу 200мл масло
  • по потреба вода /во зависност колку сакате да е сочно/

Подготовка

Во експрес лонецот ставете го месото и комлетот за супа, зачинете по вкус и варете го на тивок оган околу 1 час.
Кога ќе биде готово месото исчистетр го и искинете го на парченца. Остатокот од варивото-течноста искористете ја за супа. Јас секогаш така ја користам, додавам само фиде и малку од месото ситно насецкано.
Во тенџерче ставете го маслото и додајте го ситно насечканиот кромид, малку пропржете па додајте ги пиперката, доматот ситно насецкани, морковот насечен на танки кругови и пржете додека кромидот не омекне. Потоа додајте ги макарончињата, пропржете уште малку, додајте го месото, зачинете по желба, додадете вода и оставете да се вари се додека не омекнат макароните.