Испечати

Солени бомбици со јунешко и тиквички

Солени бомбици со јунешко и тиквички

Состојки

  • 300гр. мелено јунешко
  • 1 мала тиквичка
  • 70-80 гр. фета
  • 1 мала главица кромид, сув зачин, црн пипер
  • 1 лајче сенф, лук во прав на врв на лајче
  • 100-тина гр. палента
  • 1 јајце, масло по потреба

Подготовка

Летно јадење кое брзо се прави и брзо се јади исто така. Меленото се зачинува вообичаено, се остава да отстои со сите зачини малку време, се сечка кромидот и лукчето,се додаваат.
Тиквичката се ренда и се исцедува низ раце па се додава и таа, на крај сенфот и на мали коцки фетата.
Се образуваат бомбици кои се валкаат во матено јајце, па во палента, се пржат на масло во сад со нелеплива површина, за прилог печени тиквички.