Ролнички со портокал и сушени рибизли
Во садот на стоечкиот миксер ставете ги сувите состојки. Додајте ги млекото, јајцето, сокот од портокал и растопениот путер, па со мешалката за тесто мешајте 10 мин. додека не добиете мазно, меко тесто. Можете и да го замесите на рака. Во лесно намастен сад, покриено со прозирна фолија, ставете го тестото да стасува на топло, додека не се удвои, некаде околу 1 и пол час.
Во мало тенџерче ставете ги виното и сувите рибизли да зовријат на среден оган. Тргнете на страна и оставете да се олади.
Во еден мал сад измешајте ги оревите со кафеавиот шеќер и циметот.
Стасаното тесто расукајте го во правоаголник со големина 40 на 30 цм. Премачкајте го со растопениот путер оставајќи на подолгата страна слободен раб од 2 цм, па посипете со мешавината од ореви. Рибизлите исцедете ги и посипете ги одозгора. Преостанатата течност не ви треба. Завиткајте ролат на подолгата страна, крајот добро залепете го.
Пресечете со остар нож или со конец на 8 ролнички.
Во калапот за мафини со 12 отвори ставете 8 хартиени кошнички. Ставете по една ролничка во секоја од нив, а празните отвори наполнете ги со вода до половина. Оставете да стасува околу еден час.
Загрејте ја рерната на 200 Ц.
Стасаните ролнички печете ги додека да заруменат, некаде 20 - 25 мин.
Изладете ги кратко во калапот, па извадете ги да се оладат на жица. Посипете со шеќер во прав.
Најубаво се топли, ама и подгреани во рерна или микробранова...
Лиценца: Сите права се задржани
LiliN a sto da kazam-prekrasno kako i sekogas.
Туку Лили јас имам и едно прашање ... Марсала набавуваш од соседството или се наоѓа и кај нас? (си признавам не сум погледанала кон рафтовите со алкохол).
Beti, susenite ribizli se sitnicki, a i nema mnogu vo filot, nema ni da gi osetis...