1
авг
2015
Џем од рибизли
Се мијат убаво рибизлите и се префрлаат во сад.
Се уклучува да крчкаат на тивко, па штом почнат да пукаат се додава шеќерот.
Се остава така да провријат убаво, ќе пуштат пена на средина на садот. Соберете ја пената.
Со лажица земете од џемот и ставете на една тaцна да излади. Штом не паѓа џемот од лажицата кога ќе ја превртите, џемот е готов.
Полнете ги тегличките уште додека е топол џемот.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови