18
јул
2014
Пјадина со сланина
Најпрвин направете го сосот.
Во сад ставете го јогуртот, павлаката и пармезанот и убаво измешајте ги.
Додајте ги толченото лукче, копарот, ориганото, малку сол и црн бибер и се заедно измешајте.
Испржете ја сланината, оставете ја на кујнска хартија да се исцеди вишокот мрснотија, а потоа исечете ја на поголеми коцки.
Во нелеплива тава стоплете ги пјадините од двете страни(ако не можете да најдете и тортиљите ќе ви завршат работа).
На едната половина од секоја пјадина ставете малку од сосот и премачкајте.
Одозгора ставете по 3 листа марула, кругови домати, кругови краставица, сланина, сецкано младо кромидче и сецкано нане.
Пак нанесете од сосот и преклопете.
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани
ja probavme i bese mnogu vkusna
duri i decata ja bendisaa