Ваквите типови на лебчиња ми се слабост, секогаш сакам да ги направам на поинаков начин. Овојпат дојдов на идеја да ги направам во вид на полнета пјадина.

Во подлабок сад ставете го брашното,пецивото, маслото,сол и шеќер.
Водата измешајте ја со млекото и стоплете ги, а потоа со нив замесете го тестото.
Оставете го да отстои 30 минути.
Потоа тестото поделете го на 8 топчиња.
Земете едно топче и со сукало расукајте го во мала кора.
Премачкајте со 2 парчиња топено сирење и посолете копар.
Одозгора затворете со уште една кора.
На ист начин направете ги и останатите 3 Пјадини.

Пржете ги во нелеплива тава попрскана со масло, по неколку минути од двете страни.

Послужете ги со јогурт или свежа салата.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани