Ролована пјадина
Пилешките гради исечете ги на помали парчиња.
Посипете ги со брашното измешано со карито, малу сол и црн бибер.
Измешајте убаво и ставете ги со маслиново масло да се пржат.
При крај на пржењето додајте ја павлаката за готвење.
Во друга тава ставете малку маслиново масло да се загрее.
Додајте го сецканото лукче и оставете да се подзапржи.
Потоа додајте ги шампињоните исечени на листови, цветчињата брокула и морковот исечен на тенки ленти со помош на лупалка за компири.
Посолете, наросете малку бибер и куркума.
Пржете додека испари водата што ја пуштаат шампињоните(по желба може да ги пржите и подолго).
Во нелеплива тава загрејте ги пјадините(по 1 минута од двете страни).
На секоја пјадина нанесете од пилешкото и зеленчукот.
Посипете по 1 лажица пармезан за секоја пјадина и завиткајте во ролат.
Послужете ги додека се топли.
Лиценца: Сите права се задржани