Праземакале (посно, без масло)
Едно наше традиционално макало. Верувам дека и вие го знаете и подготвувате. Има две верзии, едната е овој мој рецепт, а другата е со варен компир место гравче. Мерките се дадени од око, најчесто се подготвува кога спремате гравче за ручек .. ќе ставите малку повеќе па кога ќе се свари ќе земете дел и ќе си подготвите и макало.
1. Гравчето се вари на вообичаен начин, со кромид, лукче и сувите пиперки. Кога ќе се свари извадете дел од гравчето и малку од течноста и оставете да се излади. Пиперките извадете ги, излупете ги и испасирајте со вилушка.
2. Во сад за толчење со малку сол истолчете го лукчето, па додадете го и ситно сецканиот праз. Толчете додека празот малку не омекне и пушти течност. Додадете го гравчето и пиперките и толчете уште кратко колку смесата да се изедначи. Повеќето од зрната грав треба да бидат цели. Ако ви е многу густо додадете малку од водата во која што се вареше гравчето. Зачинете по вкус и ставете во фрижидер барем 2-3 часа за да се спојат вкусовите.
Во оригиналниот рецепт, исто како и за пинџур се прелива со малку топол зејтин.
Како што кажав на истиот начин место гравче може да употребите варени компири и повеќе суви пиперки, подеднакво вкусно како и да подготвите.
Добар апетит =)
Лиценца: Сите права се задржани
Лудо ме изнасмеа .... во посниве денови баш така и се јаде, плус малку шарена сол и следен ден одиш во шопинг по нова облека :)))
Eve svetulce bidna i tvoeto makalo, go imaveme vcera za vecera, preubavo, voopsto ne mu e potrebno maslo....ti blagodaram za receptot:)
Си направив и јас деновиве во поголема количина само, да трае :)))
Кога го правам конкретно само макалото и јас ставам повеќе пиперки, а кога се прави и гравче пиперките им ги оставам на другите :)))