Посно медено срце без масло
Сите состојки за тестото се месат со лажица и потоа се стават во плех бр.30 кој е само набрашнет. Се пече во загреана фурна на 250° и се остава 5-10 минути колку убаво да крене. Откако крене се намалува на 180° и се пече 35 минути. Кога ќе се испече уште жешка се премачкува со мармалад и се остава да се излади целосно. Се сече и потоа се прелива со глазурата. Тортата ладна, а глазурата топла.
За глазурата прво се ставаат водата, шеќерот и ванилниот шеќер да зовријат, па накрај се додава какаото. Јас од тортата се пријатно изненадив, со оглед на тоа сто е посна и без масло е многу сочна и мека. А останаува таква дури и после два три дена Добар апетит
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови