Медено мече (може и посно)
Сите состојки се мешаат. Половина од смесата се става во намастен плех 20х30 и се остава малку да се запечи. Чоколадото се растопува и во него се додава мармаладот. Со ова се прелива запечениот дел од колачот, а врз него се прелива и другата половина од смесата, па се враќа во рерна да се допечи. Оладениот колач можи да го прелиете со глазура од чоколадо.
На сликата е пола доза во калапчето, без филот внатре.
Покрај основниот рецепт, вие во тестото можи да додадете по желба 1 или неколку лажици мед, мармалад или комбинирано, така што за сметка на тоа ќе го намалите шеќерот. Кога сме кај него, колачето (овде ќе вметнам специјален поздрав до една прекрасна личност) е таман благо колку треба како за медењак. Исто така, ако сакате да го призбогатите, можи да додадете и сецкани оревчиња, суво грозје. За посна верзија, едноставно само млекото заменете го со вода.
Лиценца: Сите права се задржани
http://moirecepti.mk/post/%D1%98%D0%B0%D1%98%D1%86%D0%B5-%D0%BF%D1%87%D0%B5%D0%BB%D0%B8%D1%87%D0%BA%D0%B0-%D1%80%D0%B0%D0%B4%D0%BE%D1%81%D1%82-%D0%B7%D0%B0-%D0%B4%D0%B5%D1%86%D0%B0%D1%82%D0%B0
Фала ти, мило ми е што ти се допадна :)
Браво, рецептот проверено вкусен ... а мечето одлично испаднало :)
На крајот од манифестацијата, посетителите имаа можност и да пробаат од изложената храна, а дел од нив веднаш посакаа и рецепт :)