Испечати

Медено мече (може и посно)

Медено мече (може и посно)

Состојки

  • 2,5 шолји брашно
  • 1,5 шолја шеќер
  • 1,5 шолја млеко
  • 3 лажици масло
  • 1 рамно лажиче сода бикарбона
  • 1 полно лажиче зачин за медењаци (или искомбинирајте ѓумбир, цимет, каранфилче, малку црн бибер, пимент и мускатно оревче)
  • - глазура -
  • 100 гр чоколадо
  • 3 лажици мармалад
  • - додатоци на основниот рецепт -
  • мармалад, мед, сецкани ореви, суво грозје

Подготовка

Сите состојки се мешаат. Половина од смесата се става во намастен плех 20х30 и се остава малку да се запечи. Чоколадото се растопува и во него се додава мармаладот. Со ова се прелива запечениот дел од колачот, а врз него се прелива и другата половина од смесата, па се враќа во рерна да се допечи. Оладениот колач можи да го прелиете со глазура од чоколадо.
На сликата е пола доза во калапчето, без филот внатре.
Покрај основниот рецепт, вие во тестото можи да додадете по желба 1 или неколку лажици мед, мармалад или комбинирано, така што за сметка на тоа ќе го намалите шеќерот. Кога сме кај него, колачето (овде ќе вметнам специјален поздрав до една прекрасна личност) е таман благо колку треба како за медењак. Исто така, ако сакате да го призбогатите, можи да додадете и сецкани оревчиња, суво грозје. За посна верзија, едноставно само млекото заменете го со вода.