Испечати

Праземакале (посно, без масло)

Праземакале (посно, без масло)

Состојки

  • 1 чаша (од 250мл.) сварен грав
  • 4-5 суви пиперки
  • 1/2 страк праз
  • 1 чешне лук
  • по вкус сол и бибер

Подготовка

Едно наше традиционално макало. Верувам дека и вие го знаете и подготвувате. Има две верзии, едната е овој мој рецепт, а другата е со варен компир место гравче. Мерките се дадени од око, најчесто се подготвува кога спремате гравче за ручек .. ќе ставите малку повеќе па кога ќе се свари ќе земете дел и ќе си подготвите и макало.

1. Гравчето се вари на вообичаен начин, со кромид, лукче и сувите пиперки. Кога ќе се свари извадете дел од гравчето и малку од течноста и оставете да се излади. Пиперките извадете ги, излупете ги и испасирајте со вилушка.
2. Во сад за толчење со малку сол истолчете го лукчето, па додадете го и ситно сецканиот праз. Толчете додека празот малку не омекне и пушти течност. Додадете го гравчето и пиперките и толчете уште кратко колку смесата да се изедначи. Повеќето од зрната грав треба да бидат цели. Ако ви е многу густо додадете малку од водата во која што се вареше гравчето. Зачинете по вкус и ставете во фрижидер барем 2-3 часа за да се спојат вкусовите.
Во оригиналниот рецепт, исто како и за пинџур се прелива со малку топол зејтин.
Како што кажав на истиот начин место гравче може да употребите варени компири и повеќе суви пиперки, подеднакво вкусно како и да подготвите.

Добар апетит =)