24
мар
2013
Посно благо лепче (без масло)
Најпрво активирајте го квасецот во една чаша млака вода, со малку шеќер и брашно. Потоа додајте го шеќерот, содата, циметот и брашното. Турајте од другата чаша вода и малку измесете го. На крајот додајте го и исечканото суво овошје (видот и количината ви е по желба) и уште малку измесете го. Треба да не е многу меко, тесто како за леб. Тепсијата во која ќе го печете набрашнете ја и формирајте го лепчето. Оставете го да се одмори десетина минути и ставете го во ладна рерна. Приклучете ја на 180 степени. Печете го можеби 1 час, а после половина покријте го со фолија.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови