
30
мај
2014
Благо лепче од ржано брашно
Двата вида на брашно ги ставаме во подлабок сад, ги додаваме шеќерот, пецивото, ванилата, содата и циметот.
Постепено ја додаваме водата и маслото и убаво мешаме да се изедначат сите состојки.
Ја додаваме и кората од портокал, сувото грозје и оревите. Уште еднаш убаво мешаме и цела смеса ја тураме во намрсен калап и печиме на 180 степени околу 40 минути.
Лепчето има доста интересен вкус посебно за тие што го сакаат рженото брашно.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови