Посно макало (без масло)
Повторно посно и повторно компир хехехе. Веднаш да кажам дека количините се по едно затоа што прв пат го подготвував за проба.
1. Модриот патлиџан се пече (во рерна или на шпорет, како си подготвувате), а компирот се сече на половина и се става да се вари.
2. Кога ќе се испече модриот патлиџан се става во кеса малку да се задуши за полесно да се излупи.
3. Лукчето се сечка, се става во сад за толчење со малку сол и се толчи додека не се добие како паста. Потоа го додавате модриот патлиџан исцепкан на парчиња и продолжувате да толчите за убаво да се соедини. На крај се додава изгмечениот (или изрендан) компир и се промешува со лажица за убаво да се соедини. Зачинувате по вкус со сол и бибер.
Количински излегува она што е на сликата, послужено со ручек е сосема доволно за двајца.
На сликата подолу има и дел од погача која исто така е посна и без масло, во наредниот рецепт ќе следи и таа.
Добар апетит.
Лиценца: Сите права се задржани
Denes za rucek go napraviv spored tvojot recept.Mmm prekraseno e,sigurno ke go napravam sledniot pat i so maslo.Samo kaj mene izgleda bese pogolem patlicanot pa malku potemen mi izleze,ama vo sekoj slucaj mnogu e vkusno.TI blagodaram Svetulce za peceptot mnogu.Bidi mi pozdravena.
Ти благодарам многу што си го испробала рецептот и што сте биле задоволни од резултатот :) Ако е потемно, јас лично повеќе го сакам вкусот на модриот патлиџан, компирот е колку само да се даде дополнителна текстура ... а со масло веќе е сосем друга приказна, поназначен е вкусот на лукчето, тек тогаш нема станување од маса :)))