Испечати

Посно макало (без масло)

Посно макало (без масло)

Состојки

  • 1 среден модар патлиџан
  • 1 среден компир
  • 1 чешне лук
  • по вкус сол и бибер

Подготовка

Повторно посно и повторно компир хехехе. Веднаш да кажам дека количините се по едно затоа што прв пат го подготвував за проба.
1. Модриот патлиџан се пече (во рерна или на шпорет, како си подготвувате), а компирот се сече на половина и се става да се вари.
2. Кога ќе се испече модриот патлиџан се става во кеса малку да се задуши за полесно да се излупи.
3. Лукчето се сечка, се става во сад за толчење со малку сол и се толчи додека не се добие како паста. Потоа го додавате модриот патлиџан исцепкан на парчиња и продолжувате да толчите за убаво да се соедини. На крај се додава изгмечениот (или изрендан) компир и се промешува со лажица за убаво да се соедини. Зачинувате по вкус со сол и бибер.

Количински излегува она што е на сликата, послужено со ручек е сосема доволно за двајца.
На сликата подолу има и дел од погача која исто така е посна и без масло, во наредниот рецепт ќе следи и таа.

Добар апетит.