
22
мар
2014
Посно макало со палента
Количината е за една чинија, па за тие што постат без друштво може да им се најде и ова макало или салатичка.
Компирот се вари и се ренда на покрупно или се пасира.
Црвените пиперки се чистат од семето и се попаруваат со врела вода. Одкако ќе одстојат 10 минути се сецкаат и се додаваат на компирот.
Празот се сецка и се гмечи со вилушка заедно со солта.
Во подлабок сад семешаат сите состојки, се посипуваат со зејтинот, се мешаат и се додава и сварената палента. Убаво се мешз да се спои. Ако постот е без зејтин може да се изостави и зејтинот.
Лиценца: Сите права се задржани