Парен колач со јаболка (посно, без масло)
Ете и нешто благо, повторно посно и без масло. И благодарам на другарката што го сподели рецептот.
1. Јаболките се рендаат на покрупната страна од рендето, се додава шеќерот, ванилата, циметот и водата и се промешува.
2. Се додаваат оревите (или нешто друго по ваша желба), сувото грозје и гризот и повторно се промешува.
3. На крај се додава брашното и содата, се промешува и се остава да стои 1 час. (Не ги преполнувајте лажиците со брашно затоа што колачот ќе биде многу тестест).
4. Потоа се става во плех бр.40, се израмнува убаво и се става да се пече во претходно загреана рерна. Во однос на печењето, првите 30 мин. се пече на 220С, а потоа уште 30 мин. на 160С. Во зависност од рерната времето на печење може да варира.
Масло за подмачкување не е потребно, зошто колачот се попарува и воопшто не се лепи.
5. Водата, шеќерот, ванилата и сокот од лимон се ставаат во тенџере на оган, да провријат 4-5 мин (не треба да се згусти).
6. Колачот треба да е скоро изладен. За подобро и подеднакво да се впие може да се избоцка со вилушка. Се попарува со топлиот шербет и се остава, најубаво да преноќи.
Ако сте нестрпливи може да се проба и по 1 час.
Добар апетит.
Лиценца: Сите права се задржани
Погледни го и видеото Како да направиш добра фотографија.
Се надевме дека ќе помогне :)
http://moirecepti.mk/post/kako-da-napravis-dobra-fotografija/