Посен солен куглоф (со повеќе видови на брашно)
Сите брашна се истураат во сад, се додава маслото, прашокот за пециво, сол и киселата вода постепено. Се меша рачно додека не се добие хомогена смеса. Доколку сметате дека е премногу густо додадете уште вода или ако е ретко уште малку брашно. Густината треба да е погуста отколку за проја со јајца.
Празот се пржи кратко со малку масло за да омекне. На маслинките им се одстрануваат семките и се сецкаат ситно. Пржениот праз и маслинките се додаваат во изматената смеса. Се додаваат и семките од сончоглед. Целата содржина се истура во куглоф и се става да се пече во загреана рерна околу 40 минути на 200 степени. Се служи топло или ладно. Идеално предјадење за престојните пости. Добар апетит.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Планирам сите лепчиња што се постирани тука да ги направам.Тоа ќе ми биде предизвикот што си го поставувам пред мене