Денес ќе готвиме заедно со Даниела, готвач член на нашата веб-страница. Даниела ќе подготви еден од нејзините најпопуларни рецепти, Лиснати кифлички во повеќе форми.

Лиснати кифлички во разни форми и полнети со повеќе филови. Одберете кои ќе ви се допаднат, или направете ги сите!

Подготовка

Чекор 1: Квасецот ставете го со шеќерот и млакото млеко да стасува.

Брашното просејте го, додадете ја солта и со стасаниот квасец и млекото замесете тесто. Додадете го маслото и месете додека добиете мазно тесто.

Тестото премачкајте го со масло, покријте го со крпа и оставете го да отстои околу 30 минути. Во меѓувреме подгответе ги филовите со павлака, сирење и филот од шунка и кашкавал. Или подгответе фил по ваша желба.

Чекор 2: Откако ќе стаса тестото , земете дел од тестото и изработете го повторно. Расукајте тенка кора и премачкајте ја со маргарин.

Чекор 3: За формирање на кифличките можете да користите разни форми и филови по желба.

За кифличките со фил од павлака расукајте ја кората, премачкајте ја во ролна и сечете триаголници.

За кифличките со форма на ружа од тенка лента завиткајте ролна и засечете до ножички.

На стапчиња од трска или пченка завиткајте од лиснатото тесто да добиете вртени кифли.

За кифличките цветови, исечете 2 цвета со калап, на средината ставете маргарин, ставете ги еден врз друг и притиснете на средината. Ставете лен.

За чворчињата, направете тенка ролна и врзете ја во чвор, па затворете ги краевите.

За ролничките кората наполнете ја со фил од шунка и кашкавал, свиткајте ја во ролна и сечете парчиња од 5 сантиметри. Направете им засеци од горната страна.

За да направите пекарски прсти, исукајте тенка коричка, засечете ја на краевите, ставете една лажица од филот со сирење и свиткајте во ролна.

Чекор 4: Откако малку ќе стасаат кифличките премачкајте ги со јајце и наросете семиња по желба. Печете ги во загреана рерна на 200 степени, околу 15-20 минути.

Сервирајте ги на голема чинија или даска.

СОВЕТ: Се надеваме дека со овој рецепт ви дадовме доволно идеи какви кифли може да направите. Ги очекуваме и вашите идеи.