Видео рецепт: Ѓумбир - колачиња во различни форми
Новите силиконски новогодишни калапчиња од Делимано ви овозможуваат креативно готвење, а од нас еве еден специјален рецепт за ѓумбир – колачиња кои можете да ги пробате. Вклучете ги и децата и ќе биде уште позабавно!
Состојки
- 150 грама стопен путер
- 150 грама кафеав шеќер
- 150 грама мед
- 200 грама бело брашно
- 3 лажички мелен ѓумбир
- 1 лажичка мелен цимет
- 1 јајце
- 150 милилитри млеко
- 1 лажичка сода бикарбона
За ПРЕЛИВ ќе ви треба:
- 120 грама шеќер во прав
- 1 лажичка ванила
- 2 супени лажици млеко
- 1 супена лажица мелен ѓумбир
За подготовка на овој рецепт користиме Делимано Сад за Сос и Новогодишни силиконски калапи.
Подготовка
Чекор 1: Ова е необичен рецепт кој делува многу сочно. Но, не се грижете, со него добивате сочни колачиња кои ќе траат со денови. Почнете со загревање на путерот, шеќерот и медот заедно во тава и убаво мешајте додека да добиете хомогена смеса. Оставете ја смесата да се олади.
Чекор 2: Измешајте ги брашното, циметот и ѓумбирот во длабок сад. Додадете ја мешавината од мед и убаво промешајте. Нема потреба да користите електричен миксер. Потоа додадете ги јајцата и повторно промешајте.
Чекор 3: Полека загрејте го млекото и додавајте ја содата додека да се направи пена. Потоа, ова додадете го во претходно подготвената смеса со мед и убаво мешајте додека СИТЕ СОСТОЈКИ да се спојат!
Чекор 4: Истурете од смесата во калапите, но оставете малку простор за колачињата да нараснат за време на печењето. Печеме на 170 степени 30 минути.
Чекор 5: Оставете ги колачињата малку да се оладат и потоа извадете ги од калапите. Од половина од колачињата правиме сендвичи со глазура од ѓумбир направена од шеќер во прав, млеко, екстракт од ванила и ѓумбир во прав.
Што мислите? Токму навреме за претстојните празници и големиот број на пријатели кои ќе го посетат вашиот дом.
Погледнете го видеото: Како да направите украсна машна.
СОВЕТ: Овој рецепт можете да го подготвите и во калап за векни и да направите стандардна торта – доколку имате други идеи за овие калапи, слободно пратете ни ги. Новогодишните празници се време за креативност.
последен пат шеќернито како подарок ми донесе дома 12 (со зборови ДВАНАЕСЕТ), цело задно седиште од кола.едвај се растоварав :) :) :) :)
ама пред некој ден на подарок ги добив црвените делимано силиконски, ПРЕУБАВИ се, преНАЈубави. ќе ги сефтосам деновиве баш со овој рецепт ;)
Odlicni se i kalapcinjata. :D