Компирите се главно јадење за многу од нас, но некогаш е добро да им пристапиме на обичните идеи од поинаков агол, нели? Еве неколку наши предлози за тоа како да внесете малку новини во секојдневните обични оброци.

Преземи го рецептот во PDF

Состојки

За полнет печен компир

  • 1 голем компир
  • Маслиново Масло, Сол и Бибер
  • Мешавина од туна и блага пченка за сервирањето

За пире со печен лук

  • 500гр. компири
  • 2 главици лук
  • 100мл. млеко или 75гр. путер или маргарин
  • 2 главици лук

За крокети

  • 500гр. компири
  • 1 супена лажица млеко
  • 3-4 ситно исечкани млади кромитчиња
  • 2 јајца
  • 1,5 супена лажица брашно
  • 200гр. презла
  • Сончогледово масло за пржење

За подготовка на овие рецепти користиме: Делимано Сет Тави за Пица, Касерола и Делимано Лонец 20см.

Подготовка

ПОЛНЕТ ПЕЧЕН КОМПИР

Чекор 1: Овој рецепт е навистина многу едноставен за подготовка – со вилушка или со остар нож правиме дупчиња во компирите и одозгора попрскуваме со маслиново масло, сол и бибер. Ги ставаме во претходно загреана рерна на 180° и печеме 45 минути. Доколку немате доволно време, пред да ги ставите компирите во рерна ставете ги во микробранова печка 5 минути.

Послужете ги со мешавина од туна и слатка пченка, и зачинете со сол и бибер. Во компирот можете да додадете масло или путер за дополнителен вкус!

ПИРЕ СО ПЕЧЕН ЛУК

Чекор 1: Со остар нож ги сечеме главиците лук на пола, додаваме сол, бибер, малку маслиново масло и ги печеме 1 час во претходно загреана рерна на 130°. Лукот додека се пече го губи горчливиот вкус, се карамелизира и е многу поблаг.

Компирите ги вариме 25 минути во солена вода додека да омекнат. Потоа најдобро е да се изгмечат со специјална алатка за пире.

Додаваме млеко или путер, зачинуваме и убаво промешуваме. Лукот исчистен од лушпите го додаваме во пирето и повторно сè убаво треба да се изгмечи. Ова пире е одличен гарнир за месо, особено за јагнешко.

КРОКЕТИ

Чекор 1: Компирите ги вариме 25 минути во солена вода додека да омекнат. Потоа најдобро е да се изгмечат со специјална алатка за пире.

Ситно сечкаме 3-4 млади кромитчиња и ги мешаме заедно со компирите, млекото и брашното. Зачинуваме со сол и бибер.

Распоредете ја мешавината на даска за сечкање и оставете ја да се излади. По 30-40 минути поделете ја на 8-10 парчиња и од нив направете стапчиња. Стапчињата ги потопуваме во изматени јајца и презла и ги пржиме додека не добијат златна боја од сите страни.

Ги послужуваме како предјадење декорирано со исечкани млади кромитчиња или пармезан!

СОВЕТ: Сигурни сме дека ќе уживате во овие идеи. Како и секогаш слободно експериментирајте со рецептите и вкусовите. Пробајте со поинакво полнење за полнетите печени компири,или пак, додадете козјо сирење или сланина во крокетите. Бидете креативни!