Еве вистинска гозба – 3 рецепти во 1 видео, за инспирација кога следен пат ќе подготвувате печено пилешко. Пилешкото нуди многу можности за комбинација со најразлични билки, зачини и сосови... погледнете!

Преземи го рецептот во PDF

Состојки

Пилешко со сос од мед и сенф

  • 2 копани и 1 пилешки гради
  • 4 супени лажици сенф
  • 3 супени лажици мед
  • Сол и бибер

Кентаки Печено пилешко

  • 2 цели пилешки гради
  • 100 грама лебни трошки (презла)
  • 1 супена лажица лук во прав
  • 1 мала лажичка сол
  • 1 мала лажичка мелен бибер
  • 1 супена лажица благ црвен пипер
  • 200 грама мајонез

Индиска маринада

  • 2 копани и 1 пилешки гради
  • Сок од 2 лимони
  • 3 чешниња лук
  • 1 супена лажица семе од коријандер
  • 1 супена лажица црвен пипер
  • 1 супена лажица семе од кумин
  • 4 супени лажици јогурт

Ќе ви треба и:

  • Сол, бибер и маслиново масло

За подготовка на овие рецепти користиме Делимано Сет тави за пица и Ростер.

Подготовка

Пилешко со сос од мед и сенф

Чекор 1: Помешајте ги медот и сенфот и додадете сол и бибер – запомнете дека дури и во слатките рецепти добро е да ставите малку сол за подобар вкус!

Чекор 2: Со нож направете линии во копаните и градите, покријте ги со сосот и печете во рерна на 150 степени 30 минути. Послужете со печен компир!

Кентаки Печено пилешко

Чекор 1: Секој од нас од време на време ужива во пржено пилешко месо на американски начин, но ние ви нудиме поздрава верзија печена во рерна. Исечете ги пилешките гради на подебели ленти и намачкајте ги со мајонез.

Чекор 2: Помешајте ги заедно лебните трошки (презлата), зачините и лукот и потоа ставете ги лентите пилешко во нив. Мајонезот ќе делува како лепило, но, исто така, ќе го одржува пилешкото меко додека се пече.

Печете на 160 степени 35 минути – послужете со гарнир од мајонез и млади кромитчиња!

Индиска маринада

Чекор 1: Индиската кујна е вистинска авантура која може да ви го окупира целиот живот, а и комбинациите од зачини и креативноста тука се неограничени. Ова е маринада која постојано ќе сакате да ја приготвувате.

За почеток истолчете го семето од коријандер и кумин заедно со лукот. Потоа додадете го црвениот мелен пипер и зачинете... во друг сад сето ова измешајте го со сокот од лимон и јогуртот. Киселината од лимонот и јогуртот полесно ќе навлезе во месото и ќе му даде преубав вкус!

Чекор 2: Полејте ги парчињата пилешко со подготвената маринада и оставете ги да отстојат во фрижидер покриени со проѕирна фолија, доколку имате можност, цела ноќ.

Чекор 3: Извадете ги од фрижидер и печете ги во рерна на 160 степени 30 минути додека да станат крцкави. Послужете со ориз и парче лимон.

СОВЕТ: Носете мудри одлуки кога станува збор за печење на пилешко месо во зависност од тоа кој дел од пилето го подготвувате – пилешките гради побрзо се сушат, додека пак деловите со коска, како што се копаните задржуваат повеќе сос во текот на печењето.