Крем макарони со различни видови сирење
1. Во длабок сад се става вода да врие. Во неа се додава сол и малку путер.
2. Штом водата зоврие ги додаваме макароните. Не треба да се преварат.
3. Во длабока тава (пр. вок на Делимано ^_^) се става течната павлака за готвење. Кога е загреана ги додаваме парчињата топено сирење.
4. Кашкавалот го рендаме ситно. Го додаваме на смесата од течна павлака и топено сирење. Штом добиеме хомогена маса го додаваме пармезанот, мешан зачин и босилек.
5. Во тавата ги истураме макароните, промешуваме и ручекот е готов.
Макароните се кремасти и имаат неколку различни вксуови сирење. Може слободно да се додаде уште некое.
Наместо топено сирење може да се користи и намаз топено сирење, супер излегува. Препорачувам да се користат спирални макарони зашто најубаво се распоредува сосот.
6. Наросуваме босилек. НА ЗДРАВЈЕ. (може и оригано или др. зачин)
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови