Испечати

Видео рецепт: Ѓумбир - колачиња во различни форми

Видео рецепт: Ѓумбир - колачиња во различни форми

Новите силиконски новогодишни калапчиња од Делимано ви овозможуваат креативно готвење, а од нас еве еден специјален рецепт за ѓумбир – колачиња кои можете да ги пробате. Вклучете ги и децата и ќе биде уште позабавно!

Состојки

  • 150 грама стопен путер
  • 150 грама кафеав шеќер
  • 150 грама мед
  • 200 грама бело брашно
  • 3 лажички мелен ѓумбир
  • 1 лажичка мелен цимет
  • 1 јајце
  • 150 милилитри млеко
  • 1 лажичка сода бикарбона

За ПРЕЛИВ ќе ви треба:

  • 120 грама шеќер во прав
  • 1 лажичка ванила
  • 2 супени лажици млеко
  • 1 супена лажица мелен ѓумбир

За подготовка на овој рецепт користиме Делимано Сад за Сос и Новогодишни силиконски калапи.

Подготовка

Чекор 1: Ова е необичен рецепт кој делува многу сочно. Но, не се грижете, со него добивате сочни колачиња кои ќе траат со денови. Почнете со загревање на путерот, шеќерот и медот заедно во тава и убаво мешајте додека да добиете хомогена смеса. Оставете ја смесата да се олади.

Чекор 2: Измешајте ги брашното, циметот и ѓумбирот во длабок сад. Додадете ја мешавината од мед и убаво промешајте. Нема потреба да користите електричен миксер. Потоа додадете ги јајцата и повторно промешајте.

Чекор 3: Полека загрејте го млекото и додавајте ја содата додека да се направи пена. Потоа, ова додадете го во претходно подготвената смеса со мед и убаво мешајте додека СИТЕ СОСТОЈКИ да се спојат!

Чекор 4: Истурете од смесата во калапите, но оставете малку простор за колачињата да нараснат за време на печењето. Печеме на 170 степени 30 минути.

Чекор 5: Оставете ги колачињата малку да се оладат и потоа извадете ги од калапите. Од половина од колачињата правиме сендвичи со глазура од ѓумбир направена од шеќер во прав, млеко, екстракт од ванила и ѓумбир во прав.

Што мислите? Токму навреме за претстојните празници и големиот број на пријатели кои ќе го посетат вашиот дом.

Погледнете го видеото: Како да направите украсна машна.

СОВЕТ: Овој рецепт можете да го подготвите и во калап за векни и да направите стандардна торта – доколку имате други идеи за овие калапи, слободно пратете ни ги. Новогодишните празници се време за креативност.